Дачиќ-Палмер: Дијалогот ќе продолжи по формирањето на косовската влада

17

На средбата, како што соопштија од српското МНР, биле разгледани приоритетите и перспективите во регионот.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на маргините на Бледскиот стратешки форум оствари денес средба со заменик помошникот на државен секретар на САД и новоименуван специјален представник за Западен Балкан Метју Палмер.

На средбата, како што соопштија од српското МНР, биле разгледани приоритетите и перспективите во регионот и прашања како што се „состојбата во БиХ, дали ЕУ ќе отпочне преговори со Северна Македонија и Албанија и дали Косово ќе добие визна либерализација”.

– На денешната средба ги анализиравме и односите меѓу Белград и Приштина. Секако, треба да почекаме на резултатите од изборите во Косово, формирањето на влада и да се надеваме дека новата влада ќе ги укине таксите и ќе отвори простор за продолжување на дијалогот. Исто така, треба да почекаме и на на изборот на нов висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, се наведува во соопштението на српското МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.