Дачиќ: Подготвени сме за привремено стопирање на кампањата против повлекување на признавањето на т.н. Косово под еден услов

Барањето Приштина да ги укине таксите, а Белград да ја запре кампањата против повлекувањето на независноста на таканареченото Косово не се споредуваат едни со други, изјави за РТС министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

– Претседателот Вучиќ повтори дека тие две работи не можат да се споредат. Таксите мораат да бидат укинати, а Србија не воведе такси кога Приштина водеше кампањи за признавање на независноста. Ако сите сакаат, ние сме спремни да постигнеме мораториум, но потоа мора да запре и лобирањето на големите земји за Косово, како и лобирањето за прием на Косово во меѓународни организации. Се промени сликата и односот на силите и тоа нив ги боли. Од 193 земји членки на ОН, 93 ја признаваат независноста на Косово, 95 не ја признаваат, а пет земји се во некоја флуидна состојба, истакна Дачиќ.

Посетата на Гренел, според мислењето на министерот за надворешни работи, има позитивен предзнак бидејќи става акцент на економските теми и тоа се корисни иницијативи, а покажува и променета позиција на американската администрација во смисла дека се залагаат за компромисно решение.

– Пораката на Гренел дека рокот за постигнување на решение не е неограничен, пред се е упатен кон Приштина, смета Дачиќ.

Кога станува збор за Црна Гора по изгласување на спорниот Закон за слобода на вероисповеста, министерот Дачиќ вели дека конфликт на релација Белград-Подгорица нема, но дека Србија се грижи за Србите во Црна Гора.

– Србија и да помислеше да донесе нешто налик тој закон до сега би добила тешки критики од меѓународните заедници. Меѓутоа, изгледа на многу им е неважно што во Црна Гора живеат 29 отсто Срби. Ние не се согласуваме со овој закон, но и со положбата на Србите во Црна Гора. Црна Гора нема непријатели во Белград, ние ја почитуваме независноста на Црна Гора, но и тие мораат да ги почитуваат Србите кои се родени и живеат таму, рекол Дачиќ.