Дачиќ: САД очекуваа ваков исход на изборите во Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека американскиот преставник за Западен Балкан, Метју Палмер, неодамна му кажал дека САД очекуваат Движењето за Самопределување, на Албин Курти, и Демократскопт сојуз на Косово, шро освоија најмногу гласови на вчерашните избори, дека ќе формираат коалиција.

– Ништо не е случајно. Самите Американци велат дека ова е сега покомплициран процес, со оглед дека за прв пат се соочуваат со Самоопределување, односно со партијата што се залага за Голема Албанија, рече Дачиќ.

Тој додаде дека, сепак, треба да се сочекаат новите изјави на Курти и Мустафа, бидејќи „една е работа што збори некој кога е во опозиција, а што кажува кога кога ќе дојде на власт“.

-Ние не можеме да влијаеме на тоа кого ќе изберат косовските Албанци, ние мора да соработуваме со сите, без оглед на тоа дали некому таа партија му се допаѓа или не. Во секој случај, очекуваме дијалогот да продолжи, да се укинат таксите и со тоа да се создадат услови за барање компромисно решение, истакна Дачиќ.