Дачиќ со порака дека нема да дозволат погром на Србите во Косово

Крах на Албанците при генералната проба за еднострани потези. Вака претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ ги искоментира случувањата на Косово.

Тој вели дека по вчерашниот договор „сите сфатиле“ дека Србија сериозно мисли да го продолжи дијалогот и дека постојат црвени линии на трпението на едностраните акции. Дачиќ рече дека ако повикуваат на смирување, треба да видат кој ги крши договорите.

„Секој обид насилно да се освои северот, нашиот народ да доживее погром, Србија нема да го дозволи“, вели  тој.

Десет дена имаше блокади на премините Брњак и Јариње, затоа што властите на Косово им наложија на Србите да земаат нови регистарски таблички.

Два дена претставници на двете земји преговараа во Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.