Дачиќ денеска во официјална посета на Бугарија

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денеска ќе биде во официјална посета на Бугaрија каде ќе разговара со претседателот Росен Плевнелиев и премиерот Пламен Орешарски.

Дачиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Бугарија, Михаил Миков и претседателот на Бугарската  социјалистичка партија Сергеј Станишев.

Бугарската новинска агенција БТА, Дачиќ прво ќе разговара тет-а-тет со бугарскиот колега Орешарски, по што ќе следи пленарна седница на делегации од двете земји.