Дачиќ со честитки до Српската напредна партија

Досегашниот српски премиер и лидер на Социјалистичката партија, Ивица Дачиќ и ја честита победата на Српската напредна партија, на спроведените парламентарни избори, пренесе белградското радио „Б-92“.

Според радиото, Социјалистичката партија, која ќе располага со околу 50 пратеници, е можен партнер при составувањето на новата Влада.