Дачиќ гарантира дека уште држави ќе ги повлечат признавањето на Косово

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави во неделата дека може да гарантира дека со дипломатски активности ќе го намали бројот земји кои го признале Косово, но истовремено не ја исклучува ниту можноста поранешната јужна српска покраина да добие место во Обединетите нации со услов тоа да биде дел од договорот со Белград.

Во интервјуто за белградскиот дневен весник Политика објавено во неделата, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вели дека прв започнал да работи на тоа земјите коишто веќе ја признале независноста на Косово да го повлечат признавањето, како и дека формирал тим од соработници чија единствена работа ќе биде ова, а и самиот пореди тоа често патува во Азија и во Африка.

„Бидејќи тоа нови многу ги нервира, тука формирав тим од луѓе кои се занимаваат исклучиво со ова прашање. За мене тоа е приорите на нашата политичка активност“, вели Дачиќ и најавува дека за половина година бројот држави кои го признале Косово може да падне под 100, а можеби и помалку.

„Можеби за половина година, на пример, ќе биде под сто. А што ќе се случи кога ќе падне под 96 земји?“, вели Дачиќ а на прашањето колку се реални шансите тоа да се случи одговара „Јас тоа ви го гарантирам“.

Коментирајќи ги барањата и притисоците од западните земји и Европската унија, Белград и Приштина што поскоро да ги решат своите односи и за тоа да постигнат правно обврзувачки договор, Дачиќ тврди дека не станува збор за „трка со времето“, истакнувајќи дека актуелните преговори под покровителство на ЕУ во Брисел се „технички“, како дека досега сѐ уште не станало збор за трајно решение.

„Постојат само сигнали за правно обврзувачки договор, чик автор (донеодамнешниот комесар за проширување и соседска политика на ЕУ, Шефан) Фуле, кој тогаш се обиде да ги задоволи и земјите кои го признале ткн Косово и оние кои не го признаа. Тој тогаш не можеше да каже што е тоа, ниту некој го праша“, вели Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија оценува дека за Белград „многу важно“ е во процесот на очекуваното формирање на Заедницата на српските општини на Косово има стабилни односи со Русија и со Кина, но и со водечките земји на Западот, кој стои за независноста на Косово.

„Треба да се одржуваат цврсти односи со земјите коишто не го признале ткн Косово, да се посвети на тоа и да се труди со Германија, Франција и САД да дојде до одредено ниво на разбирање за тој проблем да може трајно да се реши“, истакнува Дачиќ, тврдејќи и дека никој во ЕУ „не го оправдува“ тоа што Приштина го избегнува формирањето на Заедницата на српските општини, како една од нејзините обврски според ткн Бриселски договор од април 2013 година.

На прашањето дали Косово ќе добие свое столче во Обединетите нации, Дачиќ вели дека тоа би значи дека Србија во тој случај би требало да им каже на Русија и Кина да не се противат на тоа.

„Можете ли да замислите тоа ја да го сторам? Да му кажам на Лавров и на кинескиот колега дека досега само се шегував?“, додава шефот на српската дипломатија.

Дачиќ на прашањето дали резултатот од компромисот меѓу Белград и Приштина би можело да биде Косово сепак да добие место во ОН, не ја исклучува таа можност.

„Може, доколку ние тоа го прифатиме и тоа да биде дел од договорот. Никако поинаку“, вели Дачиќ во интервјуто за Политика.