Дачиќ предлага воведување Ден на српското знаме

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска најави дека ќе му предложи на претседателот на Србија да воведе Ден на српското знаме, за да можат да го слават Србите во Хрватска, Македонија, Република Српска и Црна Гора, како што Албанците во Бујановац и Прешево го прославуваат Денот на албанското знамето.

„Тогаш ќе видиме дали некој ќе каже дека е ова сосема легитимно“, изјави Дачиќ.

Истана дека никој од меѓународната заедница не реагирал на фактот што и на Косово „се одбележува Денот на албанското знаме, кој е државен празник на Албанија“.

„Замислете, не слушнав никој да го осуди тоа“, изјави Дачиќ по средбата со министерот за надворешни работи на Либан, Жибран Басило. Дачиќ потсети дека Република Српска мораше да го промени своето знаме со цел тоа да не наликува на српското.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.