Дачиќ се извини: Погрешно се интерпретирани зборовите на Борисов

164

Вицепремиерите и министри за надворешни работи на Бугарија и Србија, Екатерина Захариева и Ивица Дачиќ, денеска имале средба во словачкиот центар Високи Татри, каде учествуваат на неформалната средба на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, јавуваат бугарските медиуми.

Захариева му предочила на Дачиќ дека изјавата на премиерот Борисов во Познањ е политички и правно сосема коректна и оти реакцијата на нејзиниот српски колега била категорично неприфатлива и оти не помагала во обостраните пријателски односи. Фактот дека 23 држави од ЕУ, меѓи кои и Бугарија, го признале Косово не може да им наштети на меѓусебните односи, а Бугарија секогаш ја поддржувала Србија во нејзината европска интеграција.

Очигледно, погрешно се интерпретирани зборовите на Борисов, а најмногу ме изненади тоа што го објавија нашите медиуми. Како што анализиравме со министерката, премиерот Борисов всушност одговара на прашање дали Борел ќе е пристрасен, зашто Шпанија не го признава Косово. Тоа за мене суштински го менува контекстот не неговата изјава. Со Борисов соработувам со години и бев изненаден од интерпретациите на неговите зборови во нашите медиуми. Сето тоа го прочитавме со министерката Захариева. Со Бугарија сакаме добри односи, пријателски, сојузнички и стратешки, зашто тоа е во интерес на двете држави и двата народа. Благодарни сме и на Бугарија за помошта во европските интеграции. Впечаток во Бугарија е дека го напаѓам Борисов, но всушност сум реагирал на нешто што Борисов не го рекол. Бидејќи денеска не сум во Сараево, сакам да кажам дека тоа прашање е затворено и како што би рекол Бојко – Да одиме напред“, изјави Дачиќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.