Дачиќ: Со своите двојни стандарди ЕУ го дозволи Северен, но не и Јужен тек

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека Европската унија покажала двојни стандарди со недавањето дозвола за изградбата на гасоводот Северен тек кој ќе транспортира руски газ до Германија, но не и за изградбата на Јужен тек преку кој требаше да се снабдуваат со енергенсот и земјите од регионот.

На Меѓународната конференција за енергетска безбедност на евроазискиот простор во Белград, Дачиќ истакна дека Србија сака да соработува со сите во областа на енергетиката, како и за други прашања на меѓународната соработка и истакна дека Србија, за жал, не можела да го изгради Јужен тек, бидејќи овој проект, за разлика од Северен тек, не го минал Третиот енергетски пакет на ЕУ.

„За нас тоа беше најдобра опција и овој проект не беше на сметка на другите“, посочи Дачиќ и додаде дека дека проектот бил во интерес и за регионот и за ЕУ, која претходно уверуваше да проектот е изводлив и дека е договорена неговата реализација.

„Реалноста е дека Северен тек е изземен од Третиот енергетски пакет, а Јужен тек не е. Цехот го плати Србија и другите земји во регионот. Овие два проектиасе суштински слични, можеби и не само во однос на капацитетот и намената, а имаа различна судбина“, наведе Дачиќ.

Додаде дека ист е само изворот на гасот, односно Русија, а разликата е во тоа што едниот гасовод е наменет за Германија, а другиот за замјите од регионот.

„Од ова може да се види дека постојат двојни стандарди во одлучувањето, бидејќи она што е можно за Германија и за некои други земји, за Србија и земјите од регионот не им е можно. Она што пресуди за да се спроведе Северен тек, а да не се реализира Јужен тек, тоа е политиката и нечија претпоставка дека Русија би можела преку гасот да влијае врз политичките настани во регионот на Југоисточна Европа, но не и во Германија“, оцени Дачиќ.

Истакна дека ова е исто кога некој и забележува на Србија поради тоа што не и’ наметнува санкции на Русија, игнорирајќи го фактот дека трговијата меѓу Србија и Русија бележии пад како последица на политичка криза во однос на периодот пред санкциите, додека во земјите што ги воведоа санкциите истата е зголемена.

„Толку за принципите и двојните стандарди“, заклучи Дачиќ.