Дадилката монструм: Го убив детето за да се одмаздам за руските напади во Сирија (видео)

Дадилката која е обвинета за обезглавувањето на 4-годишното девојче и која мавташе со детската глава среде Москва рече дека злосторството го направила во знак на одмазда за „Воздушните напади на Путин во Сирија“, пишува Раша Тудеј.

Покрај тоа, се појавија и информации дека жената била пациент во установа за лица со нарушено ментално здравје во Узбекистан.

Кога луѓето ќе направат такво злосторство во време кога нивната болест напредува, тие ги објаснуваат нивните дела со ремисија. Може да се слушнат можне веројатни и фантастични верзии за нивните мотиви. Некои сметаат дека се Наполеон, други Индира Ганди… Ако некој треба да ги земе во предвид изјавите на Бобокулова сериозно, тогаш тоа се психијатрите, вели Владимир Маркин, портпарол на истражниот комитет.

Регионалната ментална болница Самарканд во Узбекистан во средата потврди дека Бобокулова била нивен пациент и боледувала од акутна шизофренија од 2003-тата година.

Во видеоснимката што протече во средата може да се слушне бобокулова како вели нервозно:

Се одмаздив на оние што пролејаа крв… Путин пролеја крв, авионите бомбардираа. Зошто беа убивани Муслимани? И тие сакаат да живеат, им вели таа на истражните органи во видеото.

Таа вели дека сакала да се пресели во Сирија, но немала доволно пари. Кога ја прашале дали сака да се придружи на ИД таа рекла:

Незнам, додавајќи дека само сакала да живее таму.

Бобокулова го призна делото
Бобокулова го призна делото

Таа вели дека постојано го читала Куранот и дека Бог и рекол дека „крајот на светот ќе дојде за една секунда“.

Истрагата во моментов се обидува да го идентификува момчето на Бобокулова, која таа го споменала за време на испрашувањето. Нејзиниот пријател Азиза Газоева за РИА новости вели дека дадилката се однесувала агресивно за време на нејзината посета на Узбекистан, наводно поради влијанието на нејзиното момче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.