Дадилката за Анџелина Џоли: Таа премногу пие, а тоа им го дозволува и на децата

Анџелина Џоли (44) е константно на мета на поранешните блиски луѓе кои постојано во јавност изнесуваат непријатни приказни за славната актерка.

Дадилката која со децата на Анџелина била буквално 24/7, открива за магазинот „ОК“ дека актерката не може да ги воспита своите деца и дека се целосно надвор од контрола.

– Таа е мајка која е постојано отсутна поради своите секојдневни проблеми и кариерата, нема доволно време да им се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст – рекла дадилката.

Додека Бред Пит живеел со Анџелина и семејството, имало ред и мир. Дадилката рекла дека актерката е премногу склона на консумирање алкохол, а тоа им го дозволува дури и на децата.