Daimler повлекува 3 милиони автомобили од Европа поради дизелскиот скандал

© EPA/RONALD WITTEK

Советот на директори на германскиот автомобилски концерн „ Daimler“ донел решение да ја прошири кампањата на повлекување дизел автомобилите од брендот „ Mercedes-Benz“ а според соопштението од вторникот со проширената акција се опфатени 3 милиона автомобили.

„Спорот со дизелските мотори придонесува за несигурност, особено за нашите клиенти. Решивме да донесеме дополнителни мерки за да ги успокоиме сопствениците на автомобили со дизел морото“, се вели ви писмената изјава на портпаролот на управата на концернот „Daimler AG“, Дитер Цетше.

Според соопштението, кампањата за сервисирање и замена којашто започна во март годинава досега се однесуваше само на компактните автомобили со мотори од една верзија. Само 45 отсто од вкупниот број такви возила биле опфатени со неа. Со оваа одлука концернот ги вклучил на списокот речиси сите дизел автомобили од сопствено производство чиишто мотори мора да ги исполнуваат еколошките стандарди „Евро-5“ и „Евро-6““.

Кампањата за намалување на содржината на азотни оксиди во издувните гасови на дизел возилата, ќе биде спроведувана во тесна соработка со германските регулатори. За овие цели „Daimler AG“ има намера да издвои околу 220 милиони евра. Каков вид преправки или модификации ќе бидат извршени на моторите, не се прецизира.

Од „Daimler AG“, исто така, ветуваат дека ќе се заложат за чист воздух во градовите преку постепена електрификација на своите модели. Истовремено во автомобилскиот концерн не ја губат довербата во погоните на тешки горива, соопштувајќи дека тие „уште долго време ќе играат важна улога во поглед на нивната поголема ефикасност во споредба со бензинските мотори“.

Кон крајот на мај годинава правосудните органи во Германија извршија рации во неколку канцеларии на „Daimler AG“, под сомневање за манипулирање со податоците за емисиите на штетните материи во атмосферата. Потоа обвинителството започна истрага за компанијата „Bosch“., којашто може да е индиректно инволвирана во случајот со „Daimler AG“.

На 12 јули весникот Süddeutsche Zeitun, објави дека „Daimler AG“ во текот на осум години, од 2008 до 2016 година, продавала во Европа и во САД автомобили со недозволено високо ниво на емисии на штетни гасови. Според податоците на весникот, нарушувањето може да се однесува милион лесни автомобили и мали фургони, продавани на европскиот и на американскиот пазар. Тие се опремени со дизел моторите OM642 и OM651, во коишто, според обвинителството на Штутгарт, кои користеле механизми коишто ги намалуваат реалните нивоа на емисиите.

Во одлуката на тамошниот суд се истакнува дека „Daimler AG“ со тоа ги прекршил основните прописи на редица надлежни служби, вклучително и Федералното здружение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.