Дали АРМ ќе патролира со опрема од Југославија?! (ФОТО)

Дали оваа лична заштитна опрема и е поделена на војската која треба да и помага на полицијата во спречување на ширењето на корона вирусот во земјава?, пишува Курир.мк

Бидејќи станува збор за информација од јавен интерес, ги објавуваме фотографиите кои ни ги достави свиркач, на кои се гледа заштитна опрема од Југославија, произведена во Сараево 1975 година. Оваа заштитна опрема, се состои од пакет за лична заштита на граѓаните со маска, прва помош при повреди, и најлонски шатори за преку тело.

 

Министерката за одбрана претпладнево соопшти дека три задачи ќе бидат во главниот фокус на армиските припадници кои од вчера директно се вклучени во поддршка на сите државни институции во справување со коронавирусот и епидемијата во следниот период.