Дали братот на Љупчо Николовски е вмешан во нелегалниот увоз на тутун?

Царинската управа призна дека е извршен нелегален увоз на 5 камиони на тутун во Македонија. Увозот го направила фирмата Студенац Шред која немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Како тогаш 5 камиони тутун влегле во Македонија?

Ова не може да биде само пропуст на дежурните цариници.

За 5 камиони со нелегален тутун да поминат граница потреба е огромна логистика, а таа логистика може да ја обезбеди само врвот на власта.

Газдата на Студенац Шпед е близок пријател на братот на Љупчо Николовски.

Дали Љупчо Николовски влијаел да се увозе нелегалниот тутун во Македонија?

И дали братот на Љупчо Николовски е вмешан во нелегалниот увоз на тутун?

Зошто и после една година откако е увезен тутунот, а истиот е увезен нелегално нема постапка од страна на ЈО?

Луѓе одат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцаат пет камиони тутун и се шетаат на слобода, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.