Дали бројчаникот на Заев ќе ги сврти милионските бонуси на СЈО?

Очигледните злоуотреби и законски изигрувања кои деновиве гласно ги посочуваат бројни правни експерти, за една од трите „Чарлиеви ангели“ е само извртување на фактите, па со доза на ароганција вели дека бонусите на СЈО се испитувале со брзина на светлината, небаре се работело за криминал на деценијата.

Сѐ уште нема институционална реакција за незаконските и безобрано високи суми кои обвинителите во СЈО ги добивале на име на додатоци на плата, кои за четири години достигнуваат над еден милион евра.

Очигледните злоуотреби и законски изигрувања кои деновиве гласно ги посочуваат бројни правни експерти, за една од трите „Чарлиеви ангели“ е само извртување на фактите, па со доза на ароганција вели дека бонусите на СЈО се испитувале со брзина на светлината, небаре се работело за криминал на деценијата.
Таа со индигнација отфрли злоупотреба на јавните пари, бидејќи наводно, си го заслужиле секој денар.

Колку и како е заслужен секој денар од нивните плати е друга приказна, но висината на дополнителните бонуси е нешто што е исплаќано незаконски, бидејќи според Законот за СЈО, овие службеници имаат право на додатоците кумулативно во висина до 35 отсто од износот на основната плата.
А и покрај јасно утврдените законски одредби, Фетаи (која земала 87.000 евра бонуси покрај редовната плата) и останатите во СЈО, не гледаат проблем зошто нивната шефица Катица Јанева за себе си доделила надоместоци на платата од 157.000 евра, а на останатите специјални обвинители им поделила од 80.000 до 100.000 евра.

А, збунувачка е и основата и потребата за доделување на некакви бонуси за да ја чуваат во тајност содржината од нелегално прислушуваните телефонски разговори, која патен, им е во описот на работната позиција, за што, пак, земаат и високи плати.

Според Законот, овинителите во СЈО мора да ги вратат незаконските додатоци во буџетот, пишува пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук.

„Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 21.063ден или вкупно 81.243ден., на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помалнод 90.000 денари. Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500€, за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000€ мора да ја врати во буџетот.

Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно.

Само ова е исплатено по закон, односно Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и Елизабета Јосифоска според законот смееле да примат додаток на плата во износ од 325€ месечно, односно по околу 6.000€ вкупно за 18 месеци додека СЈО имало законски мандат на овластен тужител“, пишува Милошоски.

Незаконски потрошените народни пари во овој случај, кој дефинитивно, може и треба да се прогласи како „скандал на деценијата“, е повеќе од потребно да се вратат и некој кривично да одговара за тоа, за еднаш за секогаш да почне да се гради солидна основа за создавање на правна држава.

А, за почеток, интересна е и идејата која беше промовирана на социјаните мрежи, вратените суми од бонусите да се ставаат на бројчаникот на Триумфалната капија што го постави премиерот Заев, а на кој требаше да се прикажува колку од наводно украдените народни пари од претходната власт се вратени.

Јалово правдање на македонските Чарлиеви ангели

Колку и да се обидува Фетаи да ја опрадва евентуалната злоупотреба на јавните пари, дека сѐ било законски, сѐ повеќе се троши кредитот кај граѓаните во исправноста на дадената доверба на и онака неуставно формираното СЈО.
Кревката поддршка почна вртоглаво да паѓа веднаш по обелоденувањето на коруптивниот скандал во кој е вмешана нивната шефица, која заврши и во притвор, а за старот на судењето за случајот е закажан за 3 декември.

Со рекетарски активности, освен Јанева, во медиумите беше поврзувана и Фетаи, откако Ел Чека кој објавува „бомби“ од Чикаго, тврдеше дека обвинителката е инволвирана во корупциски скандал и не е различна од специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева.

„Поминаа речиси три месеци откако го најавив рекетот на специјалното обвинитeлство, свртете ја главата кон Фатиме со црвено карминче, не е поразлична од Катица Јанева“, тврдеше Ел Чека, кој јавно ја праша Фетаи дали ги потрошила парите што ги земала од другарот на Aли.

„Бидејќи целта беше да не се започне истpaга за големите суми кои се укрaдoа од кичевската болница, зошто и ден денес не се истpaжува тој случај кај што треба да се казни „Магарето на Хамза за крaжба и оштeтување на бoлницата“, наведе тој.