Дарко Каевски, пратеник и најновиот портпарол на СДСМ, должи одговори пред јавноста дали е дивоградба семејната медитеранска хациенда во Волково, општина Ѓорче Петров, вредна над 100-тина илјади евра? Каевски како пратеник е должен да одговори дали зданието изградено пред три години на местото на неговата стара куќа, е изградено во времето кога беше директор на Агенцијата за млади и спорт? И ако е така, дали Каевски направил злоупотреба на својата директорска функција за да без стеги и страв од општинските инспекции изгради куќа без документи, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Истакна дека Каевски мора да одговори на прашања како и дали куќата е изградена во време кога со Ѓорче Петров самоволно владееше СДСМ преку Александар Наумоски?
„Каевски располага со милионски банкарски сметки, со повеќе станови, од кои барем еден лично го купил. Каевски според биографијата од 2017-та година е државен службеник, станува директор на Агенцијата за млади и спорт, а од 2020-та е пратеник на СДСМ во Собранието. Значи веќе шеста година Дарко Каевски живее од буџетска плата. Дарко Каевски на возраст од само 30-тина години има имот и банкарска сметка коишто се ретко достижни и за луѓе со 30 годишен работен стаж! Самоволието и лукративноста на СДСМ ја втурна Македонија во тешка криза, а народот е се посиромашен. Наместо за државата и граѓаните, се мисли за раст на сопствениот имот. Секој еден ден со СДСМ на власт е поскап од брзи предвремени парламентарни избори“, додаде Стоилковски