Дали денеска Јанева ќе замине во домашен притвор?

Според најавите, Вишото јавно обвинителство во понеделникот требба даде мислење на дополнетата жалба на адвокотата на поренашената шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, кои сметаат со завршувањето на истрагата во случајот „Рекет“, не постои повеќе и можноста таа да влијание врз доказите па очекуваат судот да ѝ го укине притворот и да ѝ определи поблага мерка.

„Ја надополнивме жалбата со известувањето за завршена истрага со што сметаме дека отпаѓа точката за влијание врз докзаите па оттаму очекуваме поблага мерка. Понатаму стратегијата за одбрана ќе ја подготвиме во договор со клиентот. А од утре ќе продолжиме да вршиме увид во доказите на Обвинителството меѓу кои се и оние прибавени со ПИ мерки“, рече во неделата за Канал 5, Дељо Кадиев, еден од бранителите на Јанева.

Освен исказите на доскорешните колеги на Јанева, обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми се и снимките кои веќе ги виде јавноста. Од специјалните истражни мерки, според извори во истрагата се користело следење на Јанева и тоа десетина дена пред да биде уапсена, се наведува во прилогот.

Подоцна седмицата увид во доказите најверојатно ќе направи и второосомничениот Зоран Милески Кичеец, кој инаку веќе е во домашен притвор.

Јанева веќе втор месец е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба.

Канал 5 минатата седмица објави дека и во текот на нејзиното покривање се прекршувале безбедносните протоколи во СЈО, кога извори од институцијата за телевизијата тврдеа дека ткн „бомби“ се преслушувале и надвор од зградата на обвинителството.