Дали дилот за пописот и резултатите се договорени во угостителски објект во Полошко?

Власта на Заев наместо попис планира да спроведе политичка операција. Затоа шверцерски, без консензус, насилно го донесе законот за попис. Овој попис не е според европските стандарди, туку според стандарди на Заев, што гарантира дека е пазарџиско-политички дил, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа власта ги одби сите предлози на опозицијата вклучително и употребата на електронски отисок на прст, бидејќи не им е намерата Македонија да има реална, туку политички креирана слика за бројот на населението. Во пописот според стандардите на Заев наместо само резиденти, како што е секаде во Европа, ќе се попишуваат и нерезиденти. Во пописот на Заев ќе се диктираат само матични броеви, без приложување на документи и информации може да даваат лица кои најдобро ги познавале отсутните. И на крајот пописот на Заев ќе се смета релевантен само ако биде потпишан од директорот и заменик директорот на ДЗС и двајцата блиски до партиите на власт. Затоа повторно прашуваме, дали дилот за пописот, резултатите бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај? Основи за сомневање има многу, почнувајќи од постапката како се утврди пописот, преку отсуството на јасна методологија, заклучно со отвореното лицитирање со резултати, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: СДСМ и Заев поради сето ова се одговорни, бидејќи наместо релевантна статистичка операција создаваат политичка операција која создава сомнежи, конфликти и недоверба кај целокупната јавност.