Дали Друловиќ ќе успее да го убеди Пандев да се врати во репрезентацијата ?!

Друловиќ со нов обид да го убеди Пандев да се врати во репрезентацијата

Друловиќ и Пандев разговараа пред дуелот со Словачка (1:2), а селекторот посочи дека вратата е отворена и дека поради фактот што не играше во Галатасарај остави Пандев да ја врати формата во новиот клуб Џенова, а пред септемврискиот циклус да се сретнат повторно за евентуалниот кам-бек меѓу црвено-жолтите. Пандев е во Џенова и на почетокот на подготовките со новиот клуб тргна одлично, постигнувајќи три гола досега.

„Деновиве повторно ќе разговараме со Горан Пандев, сметам дека е идеален момент да се врати во репрезентацијата и да биде предводник на тимот“, најави Друловиќ.

Македонија на 5 септември гостува кај Луксембург во исклучително важен меч за да се исполни целта, барем да се биде четврти во квалификациската група. Четири дена подоцна, на 8 септември во Скопје доаѓа актуелниот европски првак Шпанија.

„Потребна ни е максимална концентрација на натпреварот со Луксембург, натпревар кој е многу важен за нас и ќе направиме сѐ за да го добиеме. Ситуацијата во нашиот табор сега е поинаква во однос на натпреварот против Словачка, подобро се познаваме со играчите, знаеме што бараме и се надевам дека тоа ќе донесе позитивни работи. Играта против Словачка во второто полувреме треба да ни биде показател за следните натпревари. Многу важно за нас како стручен штаб е играчите да бидат стандардни во своите тимови, генерално мора да имаме база во националниот тим, јас се надевам дека ќе го имаме најдоброто во екипата на септемвриските натпревари. Доколку успееме во намерата да победиме против Луксембург, тогаш натпреварот против Шпанија би бил вистинско уживање за сите во Македонија“, додава Друловиќ.