Дали ќе бидат прифатени новите рестрикции: Заев и Филипче ќе им се обратат на јавноста

Владата денеска ќе оддржи седница на која ќе бидат разгледани предлог мерките од Комисијата за заразни болести.

По завршување на седницата, со почеток во 13:30 часот, прес-конференција ќе одржат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести вчера препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.

Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти – изјави  Филипче.

Дали овие препораки ќе бидат усвоени, очекуваме да соопштат Заев и Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.