Во зависност од вашите навики и метаболизмот, секој тип на туширање си има свои здравствени предности.
Откријте како вашата секојдневна рутина ви влијае на организмот и кога ви е потребен студен, а кога жежок туш.
Предности на туширањето со топла вода
Топлата вода ја ублажува болката во мускулите. Дозволете и на водата да се слева по вашите раменици, вратот и грбот за да ги ублажите болките во овие делови.
Некои истражувања докажале дека туширањето со жешка вода го поттикнува лачењето на хормонот на среќа и го намалува нивото на стрес. Затоа, по долгиот и напорен ден најдобар избор е топлиот туш.
Исто така, топлата вода ќе ви помогне да ги победите сите настинки и грипови. Дури може и да го олесни кашлањето и болката во градите.
Предности на туширањето со студена вода
Студената вода е одличен извор на енергија. Само пет минути студен туш може да се промени вашата телесна температура, да се намали заморот и да се поттикне концентрацијата.
Истражувањата покажале дека туширањето со студена вода во периодот од 2-3 минути може да ја ублажи депресијата.
Студената вода исто така е добра за вашата коса и кожа. Жешката вода може да ви ја исуши косата, додека студената помага во хидратацијата и е одлична превенција од испуканите врвови.