Дали Европа доцнеше со воведувањето на ограничувањата за справување со коронавирусот

Агенцијата V4NA направи преглед за тоа кога различните европски земји прибегнувале кон спроведувањето на сопствените рестриктивни мерки, споредено со периодот кога биле регистрирани првите пациенти заразени со коронавирусот, при што е забележливо дека најпогодените земји во Европа тоа го сториле со десетици денови подоцна.

Во текот на тековната пандемија на коронавирусот, се отворија неколку актуелни дебати во јавноста за тоа дали европските земји навреме ги вовеле неопходните мерки за спречување на ширењето на болеста. На пример, Унгарија ја прогласи вонредната состојна седум дена по регистрирањето на првиот случај. Полска ја донесе ваквата одлука на деветтиот ден, додека Чешка почека 13 дена за да ги воведе рестриктивните мерки за да се спречи епидемијата на Covid-19 на својата територија.

За разлика од овие централноевропски земји, на западните земји кои бележат и најголеми бројки на починати и заразени лица, им било потребно речиси трипати повеќе време да ги преземат првите рестриктивни мерки по потврдата на појавата на првиот случај на коронавирус. Така, властите во Белгија реагирале на 37-от ден, додека Шпанија којашто се претвора во ново жариште на европскиот континент реагираше по 45 дена, веднаш воведувајќи ја и мерката полициски час.

Италија, најтешко погодената земја членка на ЕУ, ги регистрираше своите први двајца пациенти со коронавирусот на 31-ви јануари. Дури 38 дена подоцна, италијанската влада нареди воспоставување национален карантин. Истата мерка Велика Британија ја објави на 52-от ден по откривањето на првиот случај, откако премиерот Борис Џонсон долго време порачуваше дека „миењето на рацете со сапун најмалку 20 секунди“ е најефикасниот начин за спречување на инфекцијата.

Јавноздравствените експерти како една од првите најефикасните мерки во спречувањето на острото ширење на инфекцијата е затворањето на воспитно-образовните установи, во прв ред училиштата и универзитети, имајќи предвид дека младите лица се посочуваат како главни трансмитери на вирусот.

Така, во Италија, студентите се префрлија на дигиталниот режим на следење на наставата на 34-от ден од почеокот на кризата. За разлика од тоа, Чешка ги затвори училиштата на 10-от ден, додека владите на Полска и Унгарија дејствуваа со ваквата мерка 12 дена по првиот потврден случај. Австрија онлајн наставата ја воведе на 21-от ден, додека Германија реагираше со оставање на учениците дома на 45-от ден, заедно со Шведска каде што мерката се однесуваше само на универзитетите. Белгија одлучи да ги затвори основните и средните училишта 37 дена по првиот пациент, но мерката првично не се однесуваше на универзитетите, кои подоцна се префрлија на образование на далечина. Во Франција, земјата во којашто рапидно расте бројот на заразените и на смртните исходи, ваквата мерка беше донесена на 16-ти март, 52 дена по откривањето на првата инфекција.

Стручњаците, исто така, се согласни дека една од важните мерки за сузбивање на ширењето на заразата е затворањето на растораните, ноќните клубови и другите места за забава и рекреација. Унгарија ваквата одлука ја донесе 13 дена по првиот случај, а ден повеќе им беше потребен на Австрија и Полска. Италија, пак, истите ограничувања ги донесе на 37-от ден, Шпанија ги донесе по 44 дена, а Франција се реши за тоа 54 дена по првиот регистриран случај на коронавирусот.

Владите на земјите во светот како што заразата се движеше кон прогласување пандемија беа принудени и за воведување мерки со коишто ќе воспостават социјално дистанцирање, забранувајќи ги собирите со повеќе лица и други масовни настани кои претставуваат најголем ризик за распространување на заразата, постепено ограничувајќи ги социјалните контакти на сѐ помал број лица, за на крајот да се сведат на две лица или групирање во тесниот семеен круг.

Унгарија ја воведе оваа мерка на седмиот ден, а Полска на осмиот ден од првиот потврден пациент со коронавирус. Австрија дејствуваше со оваа мерка по 14 дена, додека Шпанија и Италија ги воведоа ваквите ограничувања на 28-от односно 37-от ден. Шведска ги преземе ваквите чекори на 40-от ден, додека Белгија и Германија по 42 дена. И покрај бројните предупредувања од експертите, Велика Британија издаде забрана за групирањата на граѓаните по 52 дена, додека Франција ја воведе по 56-от ден.

Уште еден клучен елемент во реакцијата на вонредната состојба којашто ја наложи брзото ширење на вирусот, беше затворањето на границите, што од своја страна го загрозуваше еден од фунадаменталните принципи на ЕУ за отворените граници. Австрија ја затвори својата граница со Италија 18 дена по потврдувањето на првиот случај, додека другите гранични премини со дригите соседи ги затвори една седмица подоцна. Полска ги воведе сличните мерки на 10-от дена по првата зараза, Унгарија на 13-от а Чешка на 15-от ден. Шпанија ги затвори границите 45 дена по првиот случај на коронавирус, додека Германија по 49 дена, а Франција нареди затворање на нејзините граници дури на 56-от ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.