Дали Филев, директор на СДСМ од Радовиш, е дилер на дрога, прашува Стоилковски

Врските на СДСМ со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој прашува дали партијата ќе бега и од одговор дали активистот на СДСМ од Радовиш, директор на меѓуопштински центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје?

Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок.

– Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДСМ на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш? Дали е тоа Александар Филев од СДСМ Радовиш, учесник и  поддржувач на партиските активности на СДСМ? Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност? – прашува Стоилковски.

Тој вели дека СДСМ ја претвори Македонија во мафијашка територија. СДСМ со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки.