Дали има простор за паника и како да се заштитите од коронавирусот?

Коронавирус е вид на вирус кој во теоријата влијае само на животни, но има и одредени видови на вируси на корона што можат да се пренесат на луѓето – како што е оваа вирусна корона која досега уби над 4.000 луѓе во светски рамки.
Во Македонија засега има седум случаи заразени со коронавирус, а околу 200 лица се во карантин.

Се претпоставува од кое животно потекнува овој коронавирус. Лилјакот за првпат беше пријавен како причина за епидемијата, а последната теорија е дека коронавирусот доаѓа од панголинот – едно од најпродаваните животни, се разбира, нелегално и првенствено заради нивниот „оклоп“.

Епицентарот на вирусот што неодамна стигна во Европа е во Вухан, Кина.

Во моментов, има околу 115,000 случаи на коронавирус ширум светот. Иако бројот на пациенти е во пораст, расте и бројот на оние лица кои се излекувале. Досега од заразата починале околу 4.000 лица.

Процентот на починати првично беше значително поголем, што значи дека лекарите добиваат подобра слика за тоа како да ги лекуваат болните.

Најголем број на пациенти сè уште има во Кина, со најголем број на нови случаи секој ден, а во Европа, Италија стана водечка земја за краток рок во однос на бројот на пациенти – скоро 10.000 лица. Покрај Италија, вирусот е пријавен во сите европски земји.

Додека голем број медиуми објавија дека процентот на смртни случаи од вирусот корона е околу 10%, важно е да се одреди профилот на починатите – од вирусот најмногу умираат старите лица и оние кои биле болни во моментот на инфекцијата.

Заразените кои имаат над 80 години имаат статистички помалку шанси да закрепнат од помладите пациенти, бидејќи стапката на морталитет за тие години е 14,8%. За сите оние под 40-годишна возраст, стапката на смртност е под 0,5%, а не се пријавени смртни случаи за оние помлади од 10 години. За луѓето кои биле здрави за време на инфекција, стапката на смртност е исто така помала од 1%. Кардиоваскуларните пациенти се со најголем ризик, а лицата со белодробно заболување, со карцином или дијабетес се исто така статистички повеќе изложени на ризик.

Причини, симптоми и третман

Иако точниот извор на короналниот вирус (коронавирус, COVID-19) сè уште не е дефиниран, знаеме како се пренесува – со кивање, кашлање и општо орално. Симптомите на вирусот корона се исти како и симптомите на грип, освен што тие доаѓаат со задоцнување до 14 дена по инфекцијата. Точно затоа што симптомите се исти како и обичниот грип, во светот има повеќе причина за паника. Резултатите од тестот не се веднаш достапни, што во никој случај не оди во прилог на пациентите.

Коронавирусот предизвикаува благи симптоми слични на грипот, како што се:
-температура
-кашлица
-останување без здив
-болка во мускулите
-замор

При тешки случаи доаѓа до развој на пневмонија, акутно воспаление на дишните патишта, сепса и септичен шок. Луѓето со постојни хронични состојби може да бидат поранливи на компликации.

Инкубација на коронавирус
Периодот на инкубација на коронавирус (временскиот период помеѓу изложеноста на вирусот и почетокот на првите симптоми) се проценува на 2-14 дена. Во моментов, познато е дека вирусот може да се пренесе кога заразените почнуваат да покажуваат симптоми.

Сепак, сè уште има неизвесности дали благи случаи или оние без симптоми можат да го пренесат вирусот.

Лек за коронавирусот
Сè уште нема лек за вирусот корона, иако светските научници веќе се посветени на тоа. Не постои начин како да се лекува, па затоа се користи третман на клинички симптоми (треска, скратен здив).

Мониторинг на пациенти и терапија со кислород, следење и антивирусни лекови може да бидат од голема помош за заразените лица. Во моментов, најдобриот лек е да се изолираат заболените за да не се шири вирусот.

Како вирусот корона е поврзана со очите?
Како што е наведено погоре, коронавирусот најчесто се пренесува орално – кивање, кашлање или дури и разговор во четири очи со заразените. Иако ова е доволна причина за зголемено ниво на претпазливост, научниците сè уште не се сигурни дали вирусот корона може да се пренесе преку предмети а потоа со допирање на лицето т.е. уста, нос или очи.

Првиот лекар што се зарази со коронавирус – Ванг Гуанфа – предупредува дека вниманието на очите не е доволно нагласено. Д-р Гуангфа верува дека тој лично го добил вирусот преку окото, бидејќи еден од неговите симптоми бил воспаление на  левото око. Д-р Гуангфа верува дека би се избегнала заразата доколку се носи безбедносни очила. Неговата теорија е потврдена од повеќе експерти од областа на заразни болести.

Совети за вашата безбедност
Измијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Овој чекор е неопходен пред јадење, готвење и после кивање или кашлање.
Кога кивате или кашлате, не заборавајте да користите марамче, од кое веднаш треба да се ослободите.
Избегнувајте допирање на очите, устата и носот со неизмиени раце.
Избегнувајте контакт со заразени лица, без разлика дали е настинка или нешто поопасно.
Чистете предмети и работи што се во почест контакт со луѓето – како играчки.
Ако сте болни и не ви е потребна лекарска помош, останете дома.