Дали Иран ќе остане само на вербални закани за одмазда, и кои му се опциите

Иранското водство ветува одмазда за американското убиство на генералот Касем Сулејмани, командат на специјалните сили Ал Кудс на елитната Иранска револуционерна гарда во Багдад, и се чини дека има и арсенал и на располање неколку опции.

Како што стојат во моментов нештата, имајќи ги предвид острите закани кои доаѓаат и од Вашингтон и од Техеран, може да се очекува секаков расплет на ексалацијата на непријателствата. Уште повеќе што Американците објавија за зголемена подготвеност во сите свои бази, а нивниот наголем регионален сојузник и најголем ирански непријател Израел, исто така, презема чекори во истата настока. Иран, несомнено, ќе мора да преземе некаква одмазничка акција, за да го сочува своето зголемено влијание во регионот од Либан, Газа, Сирија, Ирак па до Јемен, а за чиј архитект се сметаше токму ликвидираниот генерал Сулејмани.

Несомнено е, исто така, дека Иран поседува арсенал и потенцијал да изврши напади не само врз американски цели, туку и против американските сојзуници во регионот. Сепак, се чини, дека она од што најмногу се стравува во моментов – тотална војна меѓу САД и Иран, е малку веројатно да се случи, па дури и по еден ваков многу сериозен инцидент, зашто тоа не е во интерес и на двете земји да започнат целосен и можеби долготраен воен конфликт.

Иранските специјални сили, како и организациите и движењата во регионот, како либански Хезболах, палестински Хамас, владините сили во Сирија, бунтовничката групаци Ансар Алла на јеменската шиитска зедница Хусити, и мнозинските ирачкии шиитски милиции, имаат доволно ресурси за изведување голем напад врз американски цели на Блискиот исток. А како најверојатни и најподатливи цели се големиот број воени бази на САД во регионот.

До друга страна, судејќи според сѐ, во моментов процесот на намалување на тензиите е речиси невозможен и ќе биде сложен. Во прв ред затоа што нема подготвеност за директни преговори, а особено САД сметаат дека немаат потреба од посредништво на третата страна, поради својата економска и воена доминација во глобални рамки и оти мора да постапуваат во согласност со своите декларирани цел и интереси.

Притоа ќе биде значајна и улогата на Русија и Кина, кои може да решат во услови на вакви невнимателни оперции на САД кои претставуваат стратешки грешки и го намалуваат можноста Вашингтон да има силно  влијание во регионот, вистински да не реагираат во полза на деескалација на напнатоста, туку од прикрај да го следат хаосот кој може да еруптира на Блискиот исток.

 

Употреба на воена сила

Иранските челници, како и американскиот претседател Доналд Трамп, користат жестоки закани, но во нивните изјави засега не може да се забалежи вистински ризик од интерес на некоја од страните за тотална војна. Иако ниеден од аналитичарите деновите не ја исклучува можноста од воен конфликт. Зашто доколку САД навистина сметаат дека Иран треба да се порази, мора тоа да се изведе со копнени операции, бидејќи иранската армија е добро опремена и покажува дека умее да се бори. Затоа се поставува и прашањето колку САД се подготвени да водат голема војна со тврд противник.

Диколку врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи или претседателот Хасан Роухани, во моментов повикаат на воздржансот, тоа сигурно ќе го урниса нивното влијани и во домашната јавноста и меѓу регионалните сојузници. Поради тоа, поверојатно, е дека Техеран ќе се реши за одмазда од помали домензии. Оние кои одлучуваат за мирот и војната во Иран во контекстот на нивната изјава дека ќе возрвартат „на соодветно место и во соодветно време“ внимателно ќе ја планираат својата акција. Одговорот не смее да биде преслаб, за да не се загуби моќта, но не не смее да биде и претеран, зашто ќе води кон директен и отворени судир кој, сепак, не носи добро за ниедна од конфронтираните страни.

Разузнавачката служба на американското министерство за одбрана (DIA) во својот извештај објавен во декември истакна дека Иран се потпира на трите главни воени столба: програмата за балистички проектили, поморските сили кои се закануваат со блокирање на клучниот воден сообраќај преку Персискиот залив и сојузничките милиции во земјите како Сирија, Либан, Ирак и Јемен.

Иран истовремено објави дека поседува прецизно наведувани проектили, крстосувачки проектили и борбени беспилотни летала, кои се чини веќе се тестирани во нападите на шиитските јеменски бунтовнции врз Саудиска Арабија во јеменската војна. Ова оружје лесно ги досега американските воени бази во регигионот, па и Израел. Оттаму, како една од опциите на Иран е тој самостојно или преку неговите сојузници да ги напаѓаат нафтените танкери во Персискиот залив и во водите на Црвеното Море, поморските патиша за транспорт на нафтата и друга трговија во износи од билиони американски долари, кои ги поврзуваат Индискиот Океан со Медитеранот преку Суецкиот канал.

оениот судри или уште повеќе зголемените тензии со повремени ракетирања можат значително да го пореметат поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, преку кој се одвива транспортот на петтина од светскити тргување со нафтата. А секој прекин на транспоротот би ги катапултирал цените на „црното злато“. Иран законски не може еднострано да го затвори овој поморски правец, бидејќи еден негов дел се наоѓа во територијалните води на Оман. Но Техеран и онака ги обвинува САД дека ги кршат меѓународните прописи, а покрај тоа бродовите минуваат низ иранските води кои ги контролира морнарицата на Исламската револуционерна гарда.

Иран би можел да употреби проектили, беспилотни летала, подводни мини и брзи чамци за напади против цели на САД и нивните сојзунциите, како и да ги користи своите растечки кибернетички способности за да ја нападне американската инфраструктура или инфраструктурата на нивните сојузници. Но американските функционери предупредуваат дека затворањето на Ормутскиот теснец би бил „црвената линија“ и оти САД би ги преземал сите мерки повторно да го отвори преминот.

 

Која ќе биде тактиката и тајмингот

Реално, имајќи ги досегашните искуства, американските сили на Блискиот исток би можеле да бидат сериозно загрозени, бидејќи Техеран главно се потпира на ткн асиметркична тактика и своите регионални сојузнции за да се спротистави на софистицираното американско вооружување. Иран ги вооружи и веоно стручно ги оспособи своите сојузници, тие користат ирански проектили  и дронови, па за нападот врз саудиските нафтени постројки и нафтени танкери во Заливот, Вашингтон и Ријад директно го обвинија Техеран кој упорно негира. Шиитските проирански милици во Ирак ги ракетираа неколкупати американските бази во оваа земја. Ланскиот јуни, Иран собори американско беспилотно летало, што двете земји ги доведе до самиот раб на директен судир, на кој му претходеше медиумска војна со наводни докази против противникот.

Поради многу причини многу е веројатно дека Техеран нема да брза со одмаздата. Иран нема поинаков избор освен да возврати и да се одмазди за убиството на Сулејмани. Впрочем, како што оцени и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, „невозможно да се остави без некаков одговор убиството на кој и да е командант кој бил дел од највисоките ешалони на власта во некоја земја“.

Иран може да возврати и надвор од регионот

Историјата подучува дека Исламската Република е стрплива со ваквите возвратни удари и не може да се предвиди од каков карактер ќе бидат тие.

Во 1994 година припадник на либански Хезболах изведе бомбашки напад врз зградата на Еврејскиот центар во Буенос Аирес, кога беа убиени 85 лица, Аргентигна ги обвини Иран и Хезболах, но овие негираа. Аргентина го обвини Хезболах и за нападот врз израелската амбасада во својата престолнина и две години претходно, кога загинаа 29 луѓе. Тоа беше иранската одмазда за американското соборување во јули 1988 година над Персискиот залив на патничкиот авион „А300“ познат како летот IR655 од Техеран за Дубаи кога беа убиени 290 луѓе.

Оттаму, не треба да се исклучи можноста повторно да бидат изведени слични напади од страна на проиранските милиции врз американските интереси и нивните сојзуници во регионот, па дури и на други точки во светот. Иран има долга историја на такви операции во Европа, Африка, Азија и Латинска Америка, кои имаа делумни успеси.

 

Атентатот ја закочи иранската дипломатија

Иранските челници досега беа отворени за остварување на своите стратешки интереси со дипломатски средства, особено откако од мај 2018 година повторно воведените американски санкции ја притиснаа иранската економија. Сега, по убиството на Сулејмани, дипломатијата и поради споменатите внатрешни рекации, е потисната во втор план. Неодамна американски функционер напомна дека Иран не победил никогаш во војна, но никогаш не бил поразен во дипломатските преговори.

Техеран исклучи секакви директни преговори со САД, доколку Вашингтон не се врати во нуклеарниот договор од 2015 година и не ги укине сите снакци кои одново ги воведе во мај 2018 година. Поради тоа за малку и не успеа тајната средба во њујоршки хотел на претседателите Трамп и Роухани во Њујорк во септември во текот на Генералното собрание на ОН, кој се обиде да го организира францускиот претседател Емануел Макрон.

Иран и САД имаат соработувано во минатото, во прв ред во Авганистан и во Ирак, имаат некои заеднички интереси и заеднички непријатели. Воениот судир би имал невидена цена за двете страни, па затоа и дипломатијата мора да биде земена како опција. И американскиот државен секретар Мајк Помпео деновиве по убиството на Сулејмани рече дека САД силно се залагаат за намалување на тензиите.

Во тој контекст, историјата на Иран од формирањето на Исламската Република пред четири децении, укажува дека за неа од клучна важност е да го осигури својот опстанок. Техеран, особено во ваква економска ситуација, не може да си дозволи отворена војна со САД, и особено додека не изгради култна воена фигура која ќе го замени Сулејмани, иако неговата маченичка смрт како што се доживува во исламскиот свет само ја зајакна позицијата на Иран.