Дали катастрофалните резултати на СДСМ се префрлаат на адресата на ДУИ!?

По катастрофалните резултати кои ги доби кандидатот на СДСМ за претседател на Република Македонија овие денови слушаме изјави на високи членови од оваа партија дека се задоволни од коалиционите партнери посебно од ДУИ бидејќи е толку нивниот капацитет.

„Задоволни сме ДУИ испорача во рамките на она што е нивен моментален капацитет“, изјави Пендаровски во централниот дневник на 1ТВ.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, за телевизијата Клан за прашањето дали очекуваа повеќе од  ДУИ, рече дека „некој очекуваше повеќе, јас лично не, знаејќи ја нивната сила на теренот”.

Со овие изјави дали СДСМ катастрофалниот пораз го префрлува на адресата на нивниот коалиционен партнер ДУИ? Дали по првиот круг се предвидува раздор меѓу повие две коалиции? Бидејќи според статистиката по излезноста на членовите на ДУИ има гласано околу 50.000, но сигурно капацитетот на ДУИ не е толку, и тие немаат само 50.000 членови во партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.