Дали конечно е решена мистеријата со малезискиот авион?

Малезиските власти свикале итна прес конференција, на која што се очекува да се изнесат нови детали врзани за исчезнатиот Боинг 777, за кој што се трага веќе повеќе од две недели.

Малезискиот премиер исто така би требало да има свое обраќање пред јавноста.

Медиумите јавуваат дека семејствата на кинеските патници итно се повикани да дојдат од Пекинг во Австралија, каде што во кражјбрежните области се трага по исчезнатиот авион.

Како што пренесуваат странските медиуми, членовите на семејствата на исчезнатите патници јавиле дека се повикани на итна конференција, каде што се очекува откривање на нови детали поврзани со летот МХ 370, кој што исчезна на осми март.

Според последните информации, австралиски пилоти забележале непознати предмети во јужниот Индиски океан за кои што се верува дека му припаѓаат на исчезнатиот малезиски авион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.