Дали Кулибали ќе го собори рекордот

Бекот на италијанскиот прволигаш Наполи е на прагот да мине во англискиот премиерлигаш Арсенал, со што би станал најскапиот дефанзивен играч во историјата на фудбалот, пишуваат англиските медиуми.

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета, го означи силниот Сенегалец како играч кој сака да го доведе во текот на зимскиот преоден рок. Бидејќи Калиду Кулибали е во голема кавга со сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, заминувањето на Островот е сосема извесно.

Кулибали веќе беше цел на Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а тогашната цена изнесуваше 120 милиони евра. Доколку Арсенал го купи за оваа сума, Кулибали ќе стане најплатениот дефанзивец во историјата и ќе го собори рекордот на Хари Мегваер, кој од Лестер Сити мина во Манчестер Јунајтед за 87 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.