Дали Левица е послушната „десница“ на Заев во опозицијата?

129

Дали партијата Левица е послушната десница на премиерот Зоран Заев во опозицијата, пишува порталот „Курир“.

Партијата Левица, преку пратениците Борислав Крмов и Димитар Апасиев обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ направила кворум за гласањето на Законот за државјанство.

Но, вистината лежи во листинзите за гласање кои говорат дека СДСМ, ДУИ и останатите владејачки партии сами го обезбедија кворумот, додека пак ВМРО-ДПМНЕ гласаше против тој закон. Дека Левица е лажна опозиција која има задача од Заев да внесува раздор во опозицијата, неколку пати до сега потенцираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И по завршувањето на 15 дневната расправа за ребалансот на најзначајниот документ во државата, Буџетот за 2021 година, кој беше усвоен, од опозицијата реагираа дека Левица има 0 минути присуство, 0 минути говор и 0 амандмани за обезбедување пари за граѓаните на кои им се најпотребни, пишува „Курир“.

Инаку, Заев веќе призна дека го помогнал Апасиев за парламентарните избори против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот на собраниска говорница во декември претходната година отворено го прашања Апасиев за наводна соработка со СДСМ.

По прашањето од Димитар Апасиев дали е вистина дека се обидел да купи пратеници, Заев му рече дека тоа е исто како тој да го праша дали е вистина или шпекулација дека СДСМ и обезбедила ресурси на Левица за да и одземе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеникрече Заев.

Претходно пак, Апасиев се профилираше себе си за тврд борец за враќање на уставното име, за да во емисијата „Само Вистина“ признае дека новата придавка е меѓународно верифукувана и истата тешко ќе се промени.

Во исто време Левица ја призна и новата придавка поднесувајќи амандмани со новото име Македонија.

Дека Левица е испостава на Заев и формално ставија потпис со поддршка на „Северна“ реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали е стигната некаква исплата од Заев, во кеш или привилегии, ќе треба да си кажат самите. А нивното рушење на „Северна“, поништување на Преспанскиот и буткање на овој хибриден режим ќе остане само ЛАГА со која кумулираа лајкови на ФБкоментираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Досега Апасиев и неговата партија не се приклучи на опозицискиот блок за рушење на Заев и покрај понудената ракавица.

Времето ќе покаже дали Левица е десница инсталирана во опозицијата, пишува „Курир“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.