Дали лидерот на БЕСА сѐ уште мисли дека Заев е измамник?

Лидерот на БЕСА за лидерот на СДСМ Заев кажа: “Тој е измамник кој не си стои на зборот”.

Два месеца потоа коалицира со истиот тој измамник.
СДСМ и БЕСА денес формираа коалиција за пораз на изборите на 12 април. Коалицијата е спој на луѓе без јасни и конкретни ставови. Зоран Заев е човекот кој од Македонија направи хибриден режим, оваа коалиција е за создавање на целосен режим, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Зоран Заев е човекот, главата на криминалниот октопод, шефот на мафијата. Тој е човекот под чии диктат се носат судски одлуки и се кројат кривични постапки. Заев е човекот зад криминалот, корупцијата и рекетот, поради кои Македонија падна за 13 места на индексот на корупција на Транспаренси. Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење. БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби. Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.