Дали нарачател на заканите по живот кон кандидатот за градоначалник Борче Јовчески е некој од раководството на СДСМ?

Дали нарачател на заканите по живот, упатени кон кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и неговото семејство е некој од раководството на СДСМ Прилеп?Дали извесниот пораз на 17 октомври ги натера да посегнат по вакви неморални и нечовечки методи на заплашување и сеење страв?, прашува носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Дејан Проданоски.

Тој вели дека Случајот кој 2 недели се криеше од јавноста и за кој МВР по основ на поднесена пријава до ОЈО Прилеп, превзеде дејствија дури на 06.10 со поднесување на кривична пријава против сторителот, почнува да добива некаква разврска. Што ли се чекаше толкав период за да биде преземено некакво конкретно дејствие од органите?

-Пријавениот за делото против кого е поднесена пријава, според она што го слушнавме во текот на вчерашниот ден, лицето Роберт Вретоски имал преписка со друго лице каде признал дека бил изманипулиран од страна на висок функционер на СДСМ Прилеп. Бил изманипулиран да упати закани по живот кон д-р Борче Јовчески и неговото семејство, со цел да го одврати од намерата да се кандидира за градоначалник. За возврат пријавениот требало да добие вработување по освојувањето на локалната власт од СДСМ.

За да бидат работите појасни по објавената шокантна информација од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, прашуваме дали лицето кое ги иницирало заканите е претседател на младите на СДСМ Прилеп и кандидат за советник?

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Прилеп, итно и крајно сериозно, да ги утврдат сите изнесени факти и докази поврзани со случајот и да утврдат како може некој дрско да си поигрува со човеки судбини. Секој кој се огрешил пред законот кривично да биде санкциониран.

Во една демократија нема место за насилници.

Органите да утврдат дали можеби и посоченото лице кое се наведува како иницијатор е жртва на манипулација од некој од највиското раководство на СДСМ Прилеп кое не бира начин како да се дограба до локалните функции?

Ваквите брутални и Гебелсови методи на заплашување немаат место во една демократија. Избори се добиваат со стекната доверба од граѓаните, не со закани и заплашувања. Сега станува јасно зошто д-р Борче Јовчески не присуствуваше на дебатите и има целосна поддршка од граѓаните за таквата одлука. Насилничките политики на СДСМ раѓаат само презир во очите на јавноста.

17 октомври е денот кога силеџиството на СДСМ ќе запре и нема да дозволиме повеќе никогаш да се повтори.

Ви ветуваме, гарантираме, дека после 17 октомври, заедно ќе си ја вратиме слободата.

Доаѓаат подобри денови!

Денови на правна држава и достоинствен живот!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.