Дали Пендаровски ќе побара од Владата да се урнат 50.000 дивоградби, или ќе лови политички поени?

Голема врева и различни реакции во јавноста предизвика Законот за легализација на дивоградбите, откако претседателот Стево Пендаровски реши да не го потпише Указот за Законот за легализација на бесправно изградените објекти.

Но, состојба на терен е следна. Над 50.000 случаи за дивоградби се поднесени после рокот на завршување на законот, 3 март 2011 година. Значи 50.000 случаи признале дека имаат дивоградба и направиле кривично дело. Над 130.000 случаи стојат во фиока и не се решени по стариот закон, значи луѓе кои поднеле во законски рок ама не им се решени.

Законското решение не дозволува да се гради во национални паркови, зошто се пресликува истиот член од стариот закон, односно за легализирање на таков случај да се произнесат сите надлежни институции.

Со новиот закон кој не помина легализирањето нема да биде по иста цена од 1 евро, туку за половина ќе бидат поскапи комуналии од веќе постојните. На пример ако за метар квадратен треба 100 евра, со овој закон ќе биде 150 евра.

Со законот за бесправно изградени објекти се воведува нов рок за поднесување на барања за нови градби до денот на влегување на сила на овок закон.  СДСМ го предложи законот до октомври 2019 година, но со амандман се прифати да може да се доставува барање за сите градби до денот на стапување на сила на законот што е наш предлог. Бидејќи немаат како да направат пресек што е изградено до ноември 2019 и да не се прават злоупотреби но и да нема вакум период се прифати амандманот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

Висината на надоместокот за утврдување на правен статус на бесправен објект се утврдува на начин што висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење за објектите со истата намена, се зголемува за 50% и се множи со површината на бесправниот објект, која е утврдена со геодетскиот елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект. (пример во Карпош ако е 100 евра комуналии за м2 сега ќе платат по 150 евра по м2 за новата легализација наместо како порано по 1 евро за м2, или за 100м2 ако се легализираат како објект ќе чини 15.000 евра ).

Прифатен е амандман да престанат судските и кривичните постапки што се започнати после 3 март 2011. Пред се целта на овој амандман е да биде уставно за сите граѓани, а не ако некој има кривична постапка да биде нееднаков спрема оној што градел после рокот, а нема добиено кривична пријава бидејќи со новиот рок сега сите граѓани ќе можат повторно еднако да поднесат барање и за градби после 3 март 2011 и да бидат опфатени со овој закон но ќе платат повисока рестриктивна цена. Овој закон плус и стариот закон што е на сила кој сега е во второ читање следната недела, а се бара само продолжување на рокот за 5 години за оние што поднеле барање да можат да ја водат постапката по стариот закон се прифатени на лидерската средба и двата се заеднички договорени да поминат со наш кворум.

Стотици илјади граѓани сѐ уште го немаат решено ова прашање и затоа е добро да има продолжување на нов рок на ваков закон. Но и за да се спречи продукција на нови градби сите што сега ќе легализираат ќе платат многу повисока цена, а не како што беше со претходниот закон, по едно евро м2. Од една страна законот е рестриктивен за да нема продукција на нови градби а од друга страна многу граѓани ќе може да го решат своето имотно прашање.

Останува да нема легализација во заштитени зони односно секоја институција да се произнесе во зависност од заштитното или културното подрачје каде што се наоѓа објекотот.

Сите партии го гласаа овој закон освен неколку пратеници кои сметаат дека треба да се престане со легализација како термин и постака.