Дали политички сопки ставија клуч на „Македонско село“?

По кратката информација од концесионерот дека комплексот „Македонско село“ се затвора, се’ уште нема официјален став од владата што понатаму ќе се случува со овој проект.

Според неофицијални информации, економската неисплатливост со која се соочувал концесионерот, во последниот период била и директно поврзана со услови кои му биле наметнувани за да може да продолжи со својата работа.

Една од сопките во работата со кои на почетокот се соочил менаџментот на „Македонско село“, бил проблемот со водата. Имено, жителите на селото Нерези каде што се наоѓа овој комплекс, не дозволиле комплексот да се поврзе на локалната водоводна мрежа. Најдено е некое решение, при што концесионерот ископал бунар и направил мрежа за водоснабдување на објектите во комплексот.

Според првичниот проект, во комплексот требало да биде изграден и рибник, но сето тоа било невозможно токму поради проблемот со водата, бидејќи сопствениот бунар немал капацитет за оваа содржина, туку само за основните услови во комплексот.

Освен рибник, концесинерот исто така бил задолжил и да изгради неколку бунари во автентичен стил кој ќе се вклопи со старата македонска архитектура.

Исто така не ниту за занемарување и одлуката на „Градски паркинг“, за паркингот просторот кај комплексот да наплатува 100 денари од час.

Од владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) информираа дека на концесионерот на „Македонско село“ претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за извршување на договорот во износ од околу 43.000 илјади евра како и дека ќе биде наплатен закупот за наредните шест месеци.

Компанијата „Тинекс“ на 23 јуни 2016 година свечено го отвори комплексот „Македонско село“, лоциран во село Нерези во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“. Етно-комплексот има 12.000 метри квадратни и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Има автентични куќи од различни краишта на Македонија со сместувачки капацитет за сто гости. Во состав на комплексот се хотел, ресторани и дополнителни содржини.

Според тогашната одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, требаше да стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ 20 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.