Дали преку Универзалната сала се прават набавки за кампањата на Шилегов, праша Жугиќ

Се користи ли Универзална сала како установа за обезбедување на техничка опрема -лед екрани, озвучување и осветлување за потребите на Петре Шилегов и СДСМ за претстојните локални избори?, ова денеска преку изјава за медиумите го прашува Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали со пари на скопјани се плаќа и ќе се плаќа кампањата за втор мандат на Шилегов? Имено, на 1ви јуни заврши јавната набавка спроведена од Универзална Сала за избор на понудувач за организирање и изнајмување на техничка опрема за осветлување и озвучување на настани за настани со капацитет внимавајте на 1.500; 3000; 8000 и 20.000 луѓе“, реле Жугиќ.

Посочи дека жителите на Скопје така плаќаат услуга која нема да може да ја користат поради протоколите за организирање настани на отворено, нема да биде возможно толку голем број на луѓе да се соберат на едно место во услови на пандемија.

„Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека можеби летово Комисијата за заразни болести ќе дозволи настани со бројност до 1000 луѓе, за бројка поголема од оваа се уште би останала забрана и е неизвесно дали ќе може да се укине. Па оттука логично се поставува прашањето дали за настани на кои може да присуствуваат најмногу 1.000 луѓе, ако владата го одобри тоа ќе се фактурира опрема минимум за 1.500 или за 3.000 или за 20.000 луѓе? Само за споредба, минатата година на Скопје анплагд во Камник, беше организиран настан со целосна сценска опрема за публика од 50 луѓе, а оваа година на 25-ти јуни истиот настан ќе се одржи на кровот на Сити мол ако владата дозволи за максимум илјада луѓе“, рече Жугиќ.

Додаде дека би сакала да напоменам дека препораката на Владата да се поддржат и ангажираат домашни музичари, како да не важи за Универзалната сала па тие за настанот ангажирале три групи од кои само две се македонски.

„Очигледно е дека набавката на сценско технички услуги за 1500, 3000 , 8000 и 20.000 луѓе не може да се реализира оваа година, а ако таквата набавка биде платена, и искористена за настан за помалку од 1000 луѓе, тогаш логично се поставува прашањето дали и како ќе се користи услугата која е преплатена, и дали со оваа набавка Шилегов не плаќа за сценско техничка опрема за неговата кампања за претстојните локални избори? Ќе се одлеваат ли илјадници евра за сценска техника за настани малку луѓе и дали не е ова класично перење пари од страна на Универзална сала? Градоначалник Шилегов, вака ли ќе го барате гласот на скопјани за втор мандат? Нашите пари ли ќе ги користите за партиски цели? Четири години работите на штета на Скопје и сега сакате скопјани да ви ја плаќаат кампањата. На сто метарска бина да се качете, со десетици лед екрани позади вас, со најмодерна ротирачка расвета и топ концертно озвучување, џабе ви е“, порала Жугиќ.