Дали СДСМ намерно не реализираат набавка за купување на механизација за РЕК, за да може да склучуваат милионски договори во четири очи

Во декември минатата година, АД ЕЛЕМ склучил повеќе договори со приватни фирми „Постапка со преговарање без објавување на оглас” , односно Договор „во четири очи“ вреден шест милиони и шестотини илјади евра, изјви во саботата пратеникот Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќу дека со прес- конференцијата сака да го предизвика вниманиети на јавноста и медиумите кон коруптивните набавки и договори кои што случуваат во АД ЕЛЕМ и во РЕК Битола, вели

Во врска со посочениот договор склучен на 21.12.2020 година, Милошоски прецизираше дека станува збор за склучување на договори во четири очи за услугата „ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ (производна единица) РЕК Битола”.  Додаде дека ангажирана опрема е булдожер, хидроуличен багер-гасеничар, телескопски чистач на транспортна лента, камион дампер, утоварна лента, скип и грејдер.

Милошоски посочи дека како што претходно се покажало и во претходниот период дека најчесто подизведувачи се камиони со струмички регистерски ознаки, за коишто споредн него постојат индиции дека припаѓаат на семејството на премиерот Зоран Заев.

„Во предизборната програмата во 2016 год. “План за живот” на страна 220 СДСМ објави дека нивниот главен проект за РЕК Битола ќе биде набавка механизација за потребите на РЕК Битола за како што истакна сегашниот директор на ЕЛЕМ да не се случуваат повеќе понатаму коруптивни договори во РЕК Битола. Но директорот на ЕЛЕМ, поранешен пратеник на СДСМ откако е дојден на власт од 2017 година до денес го немаат реализирано она што го ветија. Напротив само во декември 2020 година склучиле четири договори во четири очи кои што се вредни шест милиони и шестотини илјади евра. Овие договори СДСМ ги нарекуваше коруптивни договори“, потсети Милошоски.

Оттаму, оцени пратеникот на опозицијата, се дава и одговорот на прашањето зошто Македонија падна на историски најниското 111-то место на рангирањето за борба против корупција. Милошоски, исто така, смета дека и овие конкретни договори се веројатно она што го посочи холандскиот амбасадор во едно неодамнешно интервју  кога изјави дека освен блокадата од Бугарија, државата треба да се позанимава и со борбата против корупцијата.

„Дали СДСМ намерно не ја реализираат набавката на сопствена механизација на РЕК Битола за да можат да склучуваат договори во четири очи  и да продолжат со вакви договори кои што ги нарекуваа “коруптивни договори” до 2016 година? Дали СДСМ е партија која што им дава предност на семејните фирми на партијата на власт, а не е спремна да се бори против корупцијата“, праша Милошоски.

Додаде и дека моменталната состојба во енергетиката е катастрофална и енергетските компании ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино исто така се дел од неспобноста на оваа Влада каде што Владата во моментов која што е неспособна да ги разработи ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино изготвува студија за нивна продажба.

„Продажбата на ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино исто така нешто што ќе се одрази и на РЕК Битола ќе остави многу луѓе на улица. Веројатно некој од власта ќе успее да ги купи за евтини пари, но многу луѓе во Неготино, во Кичево и во Битола ризикуваат да останат без работа. Ова наликува на сценариото на намерно уништување на овие комбинати, намерно нивно обезвреднување како во време на транзицијата за да може ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј да бидат продадени за малку пари“, предупреди претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски, исто така, го постави прашањето дали владејачката СДСМ повторно подготвува ткн „бонбона бизниси” со овие енергетски капацитети?

„За четири години владеење на СДСМ видовме сẻ, но не видовме добро менаџирање со енергетските капацитети во Македонија како што беше ветувано во нивната програма “план за живот”. Единствено имаме покачување на струјата и како што гледаме преку Транспаренси Интернешнл покачување на корупцијата. За жал дел од оваа корупција е приметена и во тендерите кој што во моментов се одвиваат во РЕК Битола“, заклучи Милошоски.