Дали СДСМ вежбаше за „Рекет“ преку фирмите на Сеад Кочан???

(ПРВ ДЕЛ: ТРУСТ)

Колкаво е нивото на злоба, осветољубивост и љубењето на пари во структурите на СДСМ ќе пробам да го објаснам преку примерот на фирмите на Сеад Кочан и него лично.

Впрочем ќе пробам во неколку колумни да ја објаснам спрегата во која учествуваат повеќе личности од судство, СЈО, обвинителство, финансиска полиција, стечајни управници и нормално високи функционери на СДСМ во коалиција со аналитичари и новинари. Се’ со една цел. Сите да умрат, ама тие да живеат.

Впрочем сите овие структури се насочиле кон следниве правни субјекти (поврзани со Сеад Кочан) кои им сметале и кои тргнале да ги уништат со сета сила од една и едноставна причина да им ги одземат фирмите бидејќи дојдоа гладни и жедни на власт во 2016 година без никаква човечка доблест да размислат дека оставија речиси 1.000 вработени на улица:

  1. „Трансмет“ фирма со 650 вработени
  2. ТВ Нова со 167 вработени

Оправданието дојде од квази аналитичарите и новинари познавачи на судството дека дошло до голема пресметка со криминалците кои ги создал режимот на Груевски за да заработуваат милионски суми на тендери. Само да ги предупредам големите аналитичари и новинари дека над сите има да биде извршена финансиска „орална и ректуална колоноскопија на суво“, посебно оние другарчињана на Боки 13 како Чом, Саше, Јаци и Боко. Со една цел да заврши ловот на вештерки што му се случи на Сеад Кочан.

Но, вистината во врска со фирмите на Сеад Кочан е сериозно поинаква. Многу поразлична од приказните на новинарите на Боки 13 кои му пресудија дека е криминалец кој мајка Македонија таков нема видено. Ама…

„Трансмет“ е фирма формирана во 1991 година од страна на Исмет Кочан, кој во 1963 година дошол од Беране, Црна Гора, и е Бошњак, очигледно ако му ги знаеш децата Господин човек. Фирма која работела со години со нискоградба и ископи. Во неговата кариера работел на проекти како што се:

  • Рудници во Косово
  • Патишта во Србија
  • РЕК Битола
  • Нафтовод

Во 2004 година, по неговата смрт, фирмата ја превземаат неговите три сина: Сеад, Сеид и Дин. Сеад станува прв помеѓу еднаквите и заедно фирмата ја дигаат на ниво со 40 милиони евра промет годишно.

И сега започнуваме како злобата наречена СДСМ ја отпочнува својата, не освета, туку решителност да ги оствари своите злобни лукративни идеи и тоа токму преку корумпираното СЈО.

На 28 февруари корумпираното СЈО преку својата обвинителка која најверојатно има доживеано цивилизациски шок од својата функција ќе ја даде следнава изјава: „До каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендер“.

НЕпочитуваната цивилизациски исшокирана Фатиме Фетаи наведува дека во 2011 година е добиен тендер за ископување на јаглен и јаловина од рудникот Суводол во Битола, а распишан од ЕЛЕМ во вредност од 17,235.772 евра.

Исшокираната Фатаиме вели дека се осомничени три правни лица, за кои вели дека заеднички поднеле лажна документација за механизација која ја немале и не ја набавиле (памтете внимателно почитувани читатели). Ама заборава да наведе дека поделбата на тендерот следува вака:

  1. Трансмет 50%- односно 8.6 милиони евра
  2. Силекс на Sинго и Вато од Студеничани заедно 50% – односно 8.6 милиони евра

Што значи ова почитувани читатели?

Дека „Трансмет“ домаќински си терал во РЕК Битола и тоа 23 месеци, за што биле ангажирани 150 луѓе месечно во три смени 24/7.

Од парите кои ги добиле на тендер, оние 50% – односно 8.6 милиони евра, трошоците се делеле на следниов начин:

  • 40% од средствата се трошок за нафта, систем за одводнување, пумпи, црева, агрегати, осветлување (бидејки секогаш се создаваат езера при ископот)
  • Сервисирање, одржување, механички делови. Гуми, масло итн.
  • Бруто плати
  • ДДВ и Данок на добивка, итн.

Патем да објасниме дека „Трансмет“ како фирма, за период од 23 месеци колку што копала, заработила чисти оданочени 630.000,00 евра, што е во рамките на нормален процент на заработувачка. И она што е најважно ЕЛЕМ во тој момент е во заработувачка. Каде е сега криминалот?

И сега доаѓаме до големото финале во кое учествуваат цивилизациски исшокираната Фатиме Фетаи, Артан Аиро и Гаврил Бубевски на кои им поставуваме прашања, а они немаат реални одговори:

  1. Ако Сеад Кочан е во конзорциум, зошто само тој е осуден на 4.8 години за измама, а останатите се на слобода? Одговор: Господ ќе Ве казни за злобата драги обвинители, од Вас ќе почне.
  2. Ако фирмата „Трансмет“ е крива, а е само носител на 50% во вредност 8.6 мил евра од тендерот, зошто тогаш се инсистирало да и наплатат 14.8 милиони евра и тоа станови, куќи, 340 парчиња механизација итн?
  3. Зошто не се барало запленување од Силекс на Sинго? Затоа се ликвидирани Латас и Ивона?
  4. Има ли комуникација помеѓу новинари нови на Сител и Заев за крвавиот четврток кога да снимаат и да влезат во Собрание?
  5. Дали споменативе лица знаат дека светот е мал и дека најголема социјална мрежа е…?

За денес толку. Следната колумна во среда, на 04.03.2020 година, на тема Дали Кочо Анѓушев и неговата наследничка Мила Царовска разликуваат дека 65 денари за гига Џул од 2011 е поевтино од 88 денари за финансирање старски домови, на поништен тендер со цена од 44 денари и закани за казна од 8 милиони евра.

Со почит,

Автор: Виктор Грозданов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.