Дали се подготвува „битката“ за Куманово: Врие од специјалци и полициски службеници од целата држава!

Преку двестотини специјалци облечени во маскирни униформи и многумина полицајци кои не говорат на кумановски дијалект шетаат денес низ Куманово, ни јавува наш читател кој ни е нам многу добро познат, а секако ќе остане анонимен, објавува МИП.

„Утринава околу 10:00 часот излегов до центарот на градот за да купам некои намирници за дома и имаше што да видам. Од населбата „Соколана“ до центар бев дури трипати стопиран од сообраќајната полиција небаре возам пијан и правам „осмици“ на патов. На мое прашање „Што се случува, зошто трипати веќе ме стопирате“ ми одговорија дека станува збор за полициска засилена контрола и дека работат по наредба“. Во самиот централен дел на градот во близина на полициската станица веќе се гледаа повеќе специјалци кои излегуваат од комби возила (цивилни), јавува нашиот читател од Куманово.

Дали сето ова е знак дека некоја политичка партија злоупотребува или некоја друга бара „заштита“ што е помалку веројатно, останува да видиме што ќе се случува утре на вториот изборен круг во најголемата општина во државата.

Доколку станува збор за некоја оперативна задача во ред, но доколку сето ова е само за утрешниот ден, тогаш навистина не е во ред, да полициските службеници аргатуваат за нечии цели.