13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Дали се веќе познати носителите на листите на ДУИ

Неофицијално, од извори во ДУИ, телевизијата ТВ21 дознава дека носител во првата изборна единица ќе биде поранешниот градоначалник на Чаир и претседател на огранокот во Чаир, Изет Меџити.

Kако што пренесува ТВ21, лекарот и директор на Ургентниот центар, Илир Хасани ќе биде носител на изборна единица 2, додека Али Ахмети како и секогаш, во изборна единица 6.

Се уште не се знае дали Талат Џафери ќе се најде на листата на петтата изборна единица.

Претседателот на огранокот во Чаир, Изет Меџити вели дека се уште не е дискутирано во внатрепартиските органи. Портпаролот на ДУИ, вели дека се уште е рано да се дискутира за имињата на носителите на листите.

Партиските органи се уште не дискутирале за носителите на листите за парламентарните избори, изјавил Бујар Османи.

Инаку, поранешниот вицепремиер за европски прашања, Фатмир Бесими се дознава дека ќе биде шеф на изборен штаб на ДУИ.