Дали Северна Македонија ги смири Самка и Амди?

110

По изгласувањето на уставните измени, се смирија Самка Ибраимоски од ПЦЕР и Амди Бајрам од Сојуз на Ромите. Синоќа на социјалните мрежи кружеше фотографија на која довчерашните лути противници се прегрнати и насмеани.

Ибраимоски се огради од влегувањето на Амди Бајрам во владината коалиција, со образложение дека злоделата на неговата партија не можат да се заборават.

Да се борите против партија која правела малверзации и човек кој е со криминално досие да го земете во коалиција за нас како партија е апсурд, рекоа тогаш од партијата на Ибраимоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.