Дали службите на Дескоска згрешиле во повлечената верзија од законот за ЈО?

Иако беше соочена со ставовите на своите колеги професори кои за време на собраниската дебата со факти застанаа против новиот закон за јавно обвинителство, министерката за правда Рената  Дескоска реши да заборави на стручноста како професор на Правниот факултет, и се претвори во партиски послушник на Зоран Заев.

Од Владата соопштија дека предлог-законите, по синоќешната владина седница, биле испратени во Собранието со одредени технички грешки и без некои одредби што биле усогласени, па затоа се повлечени и се испратени усогласени верзии. Но, ако станувало збор само за технички, а не и за политички разлики (меѓу СДСМ и ДУИ), тогаш нејасно е зошто почетокот на 134-та седница доцнеше четири часа.

На седницата, доцна синоќа, Дескоска ја бранеше новата верзија на законот која немаше поминато ниту на владина седница и толку го пофали законот што бараше за истиот да се гласа по итна постапка.

Но министерката Дескоска вчера не ја говореше вистината. Сакајќи да остане единствено во одбрана на интересите на Заев, а не да работи за интересите на народот кој ја плаќа, Дескоска излажа дека промените се технички, точки и запирки.

-Текстовите кога се средувале од стручните служби се направени технички грешки и кога согледавме дека има проблем, беше испратен допис во текот на денешниот ден, кој бил примен околу 16 часот во Собранието. По 16 часот не се правени координации меѓу претседателот на Собранието, мене, претседателот Заев и слично, рече вчера Дескоска.

Појасни дека техничките грешки се направени бидејќи последниот рок за поднесување на законот бил до 24 часот и службите во брзање ги направиле грешките.

Вистината е сосема поинаква.

360 степени објавува што е разликата меѓу новите и повлечените закони за ЈО и за Советот на јавни обвинители.

Во новата верзија на предлог-измените и дополнувањата на Законот за Советот на јавни обвинители е додадена одредба која предвидува примена на Законот за јазици во работата на Советот на обвинители, а се предвидува и Бадентер при изборот на обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал. Овие одредби ги нема во верзијата што ја повлече Владата

Дали овие промени, кои не личат на технички, се причината за повеќечасовното одлагање на собраниската седница, нема информација

„360 степени“ направи брза анализа на повлечените и новодоставените предлог-закони за јавно обвинителство и за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Образложението на Владата е дека станува збор за технички усогласувања.

Еве што покажа нивната споредба:

Во предлог-законот за јавно обвинителство разликата е во последниот член 113. Во законското решение што го повлече Владата пишуваше дека актот влегува во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, а се применува од 30 јуни 2020 година.

Во новата верзија на предлог-законот се наведува дека влегува во сила и се применува од 30 јуни 2020 година.

Законот за јазици заборавен кај Советот на јавни обвинители

Во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, пак, разлика се забележува уште во членот 1. Во повлечената верзија, членот 1 гласи:

Член 1 во новата верзија на предлог-законот со исто име има сосема различна содржина и се однесува на примена на одредбите од Законот за јазици во работата на Советот на јавни обвинители.

Додаден и Бадентер при изборот на обвинители во организиран криминал

Видлива е и промената во предложените измени на член 41 од Законот за Советот на јавни обвинители, кој сега гласи:

Во верзијата што ја повлече Владата беше содржана следната одредба:

Сега во новата верзија воопшто ја нема таа одредба, а наместо неа, примената на двојното бадентерово гласање е предвидено и при изборот на обвинители во Обвинителство за гонење организиран криминал. Ова е таа нова одредба:

Министерката ја уништи професорката

Дескоска како професорка многу добро знае дека тоа што како министерка го прави е целосно скандалозно. Но наместо да си го заштити професионалниот углед, таа одлучи да биде примерен партиски послушник од СДСМ.

Да ги заштити криминалите на своите најблиски партиски соработници почнувајќи од врвот на партијата за Дескоска беше приоритет од кој си зацрта дека нема да отстапи.

Професорката Дескоска е сосема свесна дека единствено зад чија заштита смее толку сигурно да застане е Уставот на Република Македонија.

Министерката Дескоска е сосема свесна дека нема да е прв пат СДСМ да оди против Уставот само да ги исполни своите цели.

Така, министерката Дескоска ја уништи професорката Дескоска.

Изгледа заборави дека министерка нема да биде секогаш, а професорка е нејзината кариера до пензија. Кариера чиј кредибилитет го загуби.

Дескоска како министер за правда беше предложена од своето министерство, т.е. се самопредложи за член на Венецијанската комисија. Нешто што знаеше дека само ќе биде констатирано, а не и разгледувано.

Потоа Дескоска се пофали дека Венецијанската комисија на својата интернет страница објави дека министерката за правда Рената Дескоска, предложена од истата Рената Дескоска е нов член од Македонија.

Останува отворено прашањето дали оваа функција министерката Дескоска ја доби како награда за професорката Дескоска да молчи додека свесно го крши Уставот.