Дали соработката со источна служба и корупција се причините што Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификати, праша Николоски

Министите за внатрешни работи и правда, Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, да одговорат дали соработката со источна служба и корупција се причините што  немаат НАТО сертификати, гИ повика денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Мислам дека со НАТО сертификатите се работи за апсолутен скандал и миниум што треба да направат е да поднесат оставка. Еве една јавна провокација до двајцата , односно Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, дали едниот нема безбедносен сертификат затоша што работел со служби кои не се дел од НАТО алијансата, а другиот заради корупција, рече Николоски по судското рочиште со Заев.