Дали СПЦ може да се помири со МПЦ?

Според весникот, тоа го потврдува и присуството на митрополитот дебарско-кичевски на МПЦ Тимотеј на неодамнешната церемонија на свеченото отворање на Храмот на Свети Јован Владимир во Бар. Ден пред осветувањето на храмот владиката Тимотеј со придружба пристигнал во градот и на подарок донел дел од моштите на Свети Јован Владимир, пренесува Танјуг.

Митрополитот Тимотеј не присуствувал на литургијата во храмот бидејќи, како што наведува „Побједа“, двете цркви се уште формално немаат воспоставено односи, откако СПЦ одби да ја признае МПЦ.

Од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ не сакале официјално да се огласат во врска со контактите со МПЦ, туку само споменале дека немало и нема литургиско општење.

– Со години трае дијалогот со МПЦ и тие можат да се вратат во канонски статус. Таа ситуација не треба да се поврзува со односите кон Црногорската православна црква, која за нас не постои, истакнале за „Побједа“ од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ.

Потпретседателот на Митрополискиот совет на Црногорската православна Црква Стево Вучиниќ за „Побједа“ оценува дека присуството на митрополитот Тимотеј од МПЦ на осветувањето на Соборната црква во Бар претставува политички акт со кој Македонската црква искажала желба да влезе во литургиско општење со СПЦ.

– Под кои услови, не е јасно. Но, јасно е дека СПЦ нема да ги прифати освен во вазален автономен статус и канонско единство со нив иако не верувам дека таков статус би бил прифатлив за МПЦ, вели Вучиниќ.

„Побједа“ пишува и дека на осветувањето на Храмот на Свети Јован Владимир во Бар присуствувал поранешниот владика на МПЦ, а сега на СПЦ, Јован Вранишковски.