Дали сте свесни што направивте?

Ова прашање на рускиот претседател Владимир Путин на Генералното собрание на ОН кон Западот идеално одговара на денешната состојба во Македонија.

Досега бевме сведоци како партискиот систем е штетен за иднината на државата. Денес веќе гледаме како политичките партии во Македонија директно ги рушат нејзините основи. Ќе потсетам дека Уставот на секоја држава е највисок правен акт со кој се дефинира нејзиното уредување и функционирање. Негирањето и кршењето на Уставот е пуч против државата. Политичките партии влегуваат во категоријата „правни лица“ и според Кривичниот Законик глава 6, член 96-б можат да се казнат со привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност или со забрана за нивно постоење. Пратениците, пак, влегуваат во категоријата „службени лица“ и исто се казнуваат. Го спомнувам тоа бидејќи четирите политички партии СДСМ, ДУИ, ДПА и ВМРО-ДПМНЕ со Договорот од Пржино го прекршија Уставот на Република Македонија, а со гласањето на Закон за посебно Јавно обвинителство, Уставот го прекршија и 111 пратеници во Собранието. Со писмото Ултиматум до Советот за јавни обвинители да гласа целосната екипа на противуставната Јавна обвинителка, четирите партии повторно го прекршија Уставот (член 98) за независноста на судскиот систем.

Сега ќе видиме дали и Уставниот суд кој мора да го брани Уставот ќе го прекрши под партиски притисок.

Прекршоците на политичките партии и на пратениците сè уште потешки, затоа што…