Во Министерството за внатрешни работи, утринава околу 8,15 часот било пријавено од случаен минувач дека забележал лице кое паѓало од тераса од зграда во скопската населба Кисела Вода.
„Во пријавата полициски екипи се упатиле во Ургентниот центар, бидејќи лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено таму, но во Ургентен не нашле лице повредено од пад или починато“, објасниле од МВР за порталот Курир.
Неофицијално, лицето чиј идентитет не е познат, во Ургентниот центар се расправалo со медицинскиот персонал, по што си заминалo.
Од МВР за Курир рекле дека досега на територија на Град Скопје немаат пријава за самоубиство.
Дел од медиумите претходно објавуваа дека се случило самоубиство на улицата „Михаил Чаков“. Според нивните пишувања, младо момче скокнало од покрив на зграда.