Дали вицепремиерот Анѓушев учествувал во криминал со кој ја оштетил државата за над милион евра?

Нема ден да помине без скандал на Владата на СДСМ, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-На повидок е нов скандал кој Владата експресно сакаше да го заташка, каде што медиумите отворија сомнеж, дали вицепремиерот Кочо Анѓушев учествувал во криминал со кој што ја оштетил државата над 1 милион евра или поточно околу 74 милиони денари? Медиумите изминатиот период пишуваа за сомнеж дека се извршила финансиска малверзација во која можно влијание и информации како вицепремиер имал и искористил Кочо Анѓушев. Фирмата „ЕДС“ која беше во негово сопствеништво, со цесија, односно со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од „Фени“ во висина од над 1 милион евра, со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението. Целото дејствие се случува во текот на летото, во јули месец. Најсимптоматично е што медиумите објавија дека овој договор за цесија се случува пред стечајот на фирмата „Фени индустри“, што алудира на тоа дека Кочо Анѓушев и неговата компанија „ЕДС“ знаеле дека ќе се случи цесијата. Уште еднаш да ги расчистиме сомнежите, дали фирмата „ЕДС“ која што беше тогаш на Кочо Анѓушев преку УЈП со државни пари си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени индустри“ да отиде во стечај, истакна тој.

Арсовски јавно прашува: Чија е одговорноста и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, истото да го добие со архивски број?

-Дали на овој начин е зголемена вредноста на „ЕДС“ пред да се продаде на грчкото електростопанство? Дали и колку плус грчки пари зел Кочо Анѓушев поради оваа цесија? Ова не е прв случај каде што Кочо Анѓушев е замешан во сомнителни зделки. Кочо Анѓушев е човек кој што цело време неговото име се поврзува со криминално работење во медиумите. Впрочем тој е човекот за кој грчките медиуми пишуваа дека под сомнителни околности се договорил да ја продаде компанијата „ЕДС“ на грчкото електростопанство. Впрочем тој е и човекот чии фирми земаа највеќе тендери од државните институции откако е СДСМ на власт. Кочо Анѓушев е пример за човек кој што влезе во политика од лични интереси. Ние предупредувавме за ова. Затоа, што побрзо Кочо Анѓушев и СДСМ си заминат од власта, толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред, порача портпаролот Арсовски.