Дали возачот на „туарегот“ ќе одговара кривично?

Обвинителството работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа што се случи во саботата попладне кај Католичката црква во Скопје во којашто загина малолетник на возраст од 16 години од Скопје, јавува Макфakс.

Оттаму за агенцијата велат дека за истраги од ваков вид е потребен подолг временски период и секое наведување на непоткрепени информации околу несреќата би претставувало шпекулација.

Според објавените информации, јавниот обвинител дал наредба за обдукција на телото, а се уште се врши и сообраќајно – техничко вештачење.

Од Обвинителството не откриваат дали возачот кривично ќе одговара, ниту пак со која брзинa се движел и дали малолетникот бил на пешачкиот премин во моментот кога бил удрен.

Иван загина завчера пред Католичка во Скопје откако на него налета џип марка Таурег управуван од 20 годишен возач од скопско Батинци.