10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Дали Заев ќе се откаже од сите свои „компањони” кога ќе ги стигне аферата „Рекет”?

Криминално-рекетарската банда предводена од Зоран Заев не сака да дозволи реална разрешница на аферата “Рекет”, пишува на својата Фејсбук страница генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Се сеќаваме на “легендарната” изјава на Заев, кој крајно нервозно изјави “Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат Владата”!

Заев уште од самиот старт на аферата “Рекет” тврдеше дека Катица Јанева не е инволвирана во случајот, а Јовевски и Русковска дека во истиот нема вмешано политичари. Дури и додека Катица Јанева беше во притвор Заев ја бранеше!

Сега се наметнува прашањето “што правиме”?!? Можеби полека и секако далеку од професионално, што е одлика на диригираното Русковска обвинителство, но сепак се потврдува дека Катица Јанева си го користела СЈО за рекет, а исто така дека и политичари од бандата на Заев и СДСМ биле и те како замешани!?! За Фрики се одмотува клопчето, па да прашам до каде е за Кики?

Но, она што сите веќе се прашуваме е дали Заев ќе се откаже од сите свои “компањони” кога ќе ги стигне аферата “Рекет” … и дали ќе се пушти сам низ вода кога ќе дојде до него??? 😉

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во Фејсбук статусот на Јанушев.