Дали Заев ја злоупотреби смртта на Младенов за собирање политички поени?

Сопругата на новинарот и сопственик на „Фокус“ Никола Младенов потврди дека причината за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина на условите на патот

217

Во вчерашното гостување на сопругата на новинарот и сопственик на „Фокус“ Билјана Младенова во емисијата „Студио 1“ на 1ТВ таа потврди дека причина за трагичната смрт на Младенов е неприлагодената брзина.

,,Има ли нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа на Никола Младенов. Владата на Заев во програмата од 2017 година стави дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината, но овие две години не е спомнат случајот“праша новинарката Јадранка Костова.

Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно“, рече Младенова.

На овој начин, Младенова ги демантираше практично сите досегашни теории на заговор и конспирација за смртта на новинарот Никола Младенов.

Оваа нејзина изјава предизвика гнев во јавноста со самиот факт што преремиерот Зоран Заев со години наназад ветуваше дека ќе се открие причината за смртта на новинарот злоупотребувајќи ја истата за собирање политички поени.

Па така Заев на самиот старт дури во мај 2015 година зборуваше дека има докази за 10 причини за нова истрага за смртта на Младенов.

За доказите за смртта на Младенов во 2015 и изјавите на Заев беа заинтересирани и многу странски и регионални медиуми.

Две години подоцна во март 2017 година Заев повторно ветуваше расветлување на случаите „Дива Населба“, „Монструм“, „Сопот“, „Мартин Нешковски“ како и смртта на Никола Младенов, а сето тоа го правеше поради собирање на политички поени во пресрет на изборите.

Во Ноември истата година Заев зборуваше дека граѓаните бараат одговор дали е убиен Никола Младенов, а тој ветуваше и одговор на истото ова прашање.

Сите овие лажни верувања на Заев паѓаат во вода откако вчера неговата сопруга зборуваше дека Младенов загинал поради брзото возење со автомобилот, што е уште еден доказ дека Заев само си поигрува со народот и со чувствата на семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.