Дали Заев може да го докаже потеклото на своето богатство?

Дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев, може да го докаже потеклото на своето и богатството на своеро семејство, праша генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

На средбата со поддржувачите и граѓаните во Прилеп, Николоски укажа дека кампањата е на самиот почетокот, а лидерот на владајачката партија избегнува да одговори на две многу важни прашања. Како што посочи, едното е прашањето за потеклот на богатството на семејството Заеви.

Во градот кој е позната по тутунопроизводството, Николски до Заев јавно упати прашање зошто владата на СДСМ овозможи со носење Закон увоз на тутун пред да биде откупено целокупното годишно производство на домашен тутун?!

„Ние се обврзуваме дека во првите сто дена дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го промениме законот, и нема килограм тутун да биде увезен додека не биде откупено  целокупното домашно производство. Да им ставиме крај на криминалците кои заработуваат на грбот на народот“, порача Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.